Македонската сеизмолошка мрежа со детали за земјотресот во Мавровскиот регион

од Nikola Popovski

Попладнево беше почуствуван земјотреес во мавровскиот регион, поточно во 15,05 часот по локално време. Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, потресот бил со 3,2 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 2 километри.

Од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија информираа дека денес (1.04.2021) во 15 часот и 05 минути е регистриран земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

„Змјотрестот беше со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда ML3.2. Тој е почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, стои во соопштението.

Изминатите месеци пред нас се почесто се чувствуваат земјотреси во мавровско-кичевскиот регион, додека граѓаните во ноември минатата година беа најмногу вознемирени од земјотресот кој беше со јачина од 5 степени според Рихтер.

Слични содржини