Македонски Анонимуси ги хакираа сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора

од Aleksandar Petrovski

Македонски Анонимуси објавија дека го срушиле сајтот на британската пејачка од Косово, Дуа Липа, откако на социјалните мрежи таа објави мапа на Голема Албанија и пораки за Косово.

„AnonOpsMKD“ синоќа на Твитер објави дека ја презеле официјалната веб-страница на Дуа Липа и дека тие го сторија тоа „чисто од научни цели за оние кои мислат дека немаат капацитет“ и дека таа нема да биде функционална еден час.

Нешто подоцна, групата објави дека го сториле тоа и со друга пејачка, колешка на Липа, Рита Ора, која исто така е од Косово и дека тие ја „испратиле на нива да ора два часа, што е доволно е доволно за почеток“.

„Косово е веќе поставено на сите мапи, како дел од Србија“, напишаа македонски Анонимуси.

Слични содржини