Македонски државјани се обиделе да прошверцуваат злато на српско-хрватска граница

од Nikola Popovski

Српските царински службеници во соработка со полицијата на граничниот премин Батровци со Хрватска спречија обид за шверц на 716 грама златен накит што еден патник се обидел да го пренесе преку граница во својот багаж, соопшти тамошната Царинска управа.

Златниот накит е откриен во „шкода октавија“ со швајцарски регистерски таблички, со која четворица патници патувале од Швајцарија кон Македонија, а бил пронајден при преглед на багажот на патниците, при што била откриена и спакувана поголема количина златен накит во два куфери, за кој не навеле дека пренесуваат.

Покрај ланчиња, алки, обетки и прстени, во багажот на македонските граѓани имало и 39 дукати тешки над 135 грама.

Слични содржини