Македонски државјанин и двајца Бугари загинаа кога автомобил управуван од 19-годишник удрил во угостителски објект

од desk2
43 прегледи

Тројца луѓе ги загубија животите ноќеска во градот Разград, североисточна Бугарија, кога автомобил управуван од 19-годишник удрил во масите пред угостителски објект на улицата „Грнчарска“, јави бугарската Нова ТВ.

Младиот возач загубил контрола над возилото, што било кобно за тројцата загинати, на возраст од 64, 68 и 58 години години. Несреќата се случила во 1.36 часот ноќва. Македонскиот државјанин бил стар 58 години, а имал дозвола за постојан престој во Бугарија.

Загинатите седеле на маса на аголот на летната тераса, а возилото удрило директно во нив. Според првичните сознанија, тој веројатно претекнувал друго возило, при што едното тркало навлегло во локва со дождовница, дошло до аквапланинг, по што автомобило загубил контрола и удрил во масата со тројцата загинати.

„Жртвите се нашле во сендвич помеѓу неговиот и друг паркиран автомобил“, објасни за Бугарско национално радио, Окружниот обвинител на Разград.

Првичните тестови за алкохол и дрога кај 19-годишниот возач не покажале присуство на супстанци, но земени се примероци од крвта за дополнителни анализи. Тинејџерот имал возачка дозвола отприлика една година, а автомобилот бил сопственост на татко му.

За возачот е првично изречен притвор од 24 часа, којшто потоа бил продолжен на 72 часа.

Слични содржини