Државјанин на Македонија е пронајден мртов во познатиот зимски ски-центар „Банско“, Бугарија. Според бугарските медиуми, најверојатната причина за смртта е срцев удар.
Несреќата се случила вчера во доцните попладневни часови на патеката „Шилигарника“.
Како што се пренесуваат изјавите на спасувачите, 52-годишниот маж пеш се качувал на дел од патеката. Благовест Обецанов, шеф на волонтерскиот тим за спасување во Банско, раскажал како било пронајдено телото:
„Еден од работниците на жичарницата пријавил во Планинарската служба на „Шилигарника“ за онесвестено лице. Момците реагираа адекватно, се упатија на терен и почнале со реанимација, која траела околу 40 минути. Дошла брза помош, но само констатирале дека нема срцева активност. Човекот имаше голем срцев удар“, пренесуваат бугарските медиуми.
Телото на починатиот е пренесено на обдукција.