Македонски државјанин возел со 1,67 промили алкохол во крвта низ Србија

од Nikola Popovski

Припадници на српската сообраќајна полиција во Чачак вчера сопреле 63-годишен државјанин на Македонија кај местото Доња Горевница, кој управувал камион со 1,67 промили алкохол во телото.

Исто така, утврдено е дека го пречекорил времето пропишано со Законот за работното време на екипажот во возила во патниот транспорт и тахографите.

На возачот му е одредена мерка притвор до 12 часа и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.

Слични содржини