Македонски камион се превртел на автопатот Ниш-Белград

од Aleksandar Todeski

Камион со македонски регистарски таблици се превртел на автопатот Ниш-Белград, кај селото Катун, пренесува српската агенција Бета.

Според полициските наводи, возачот со возило на брза помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Ниш, но за сега не е познато со какви повреди се здобил.

Сообраќајот на делницата на автопатот во смер кон Велград е во застој, бидејќи кабината на камионот и приколката целосно го попречиле патот, а кабината делумно ја пробила и заштитната ограда.

Како што наведува српската агенција Бета, се уште не е позната причината за превртувањето на камионот.

Фото: Нишки вести

Слични содржини