Македонски концепт изработи стратегија за реформа во образовниот систем

од Aleksandar Petrovski

Создавање на висококвалитетни наставници и раководители на училиштата, ефективно користење на ресурсите и ученичка и студентска мотивација и ангажман, врз овие три суштински реформи ќе се постигне системска промена на образованиот систем.

Македонски концепт создаде долгорочна стратегија којашто ги подготвува сите идни генерации за полесна адаптација во модерните дигитални општества. Предлагаме системски реформи кои ќе го подобрат образовниот систем и ќе го стават во функцијата на идниот правилен и нормален развој на државата.

„Квалитетното, конзистентно и добро систематизирано образование е темелот на секое здраво општество, на нормална држава. Функционалниот образовен систем значи дека вистинските вредности управуваат со процесите во државниот систем.

Образовниот кадар создава напредна сила, која ги предводи конструктивните еволутивни процеси. Наспроти моменталната состојба, политизиран образовен систем, експериментални програми, само аплицирани во нашиот систем а не адаптирани на нашите можности и капацитети, учебници со непотврдени, произволни, неосновани теореми и содржина што отстапува од вистинските вредности и наведува на погрешни заклучоци, сомнително стекнати дипломи и емпириски недокажано академско знаење и звање, Македонски концепт изработи програма со која ќе создадеме образовен систем што ќе одговори на потребата од едукација, од знаење за нашите деца и нашите млади”, изјави Марија Спасовска, кандидат на листата за пратеници за ИЕ 2.

Досегашното образование какво што е доведе до распад на системот, младите квалитетни луѓе масовно ја напуштаат земјата во потрага по образовен систем што може да ја задоволи нивната жед за знаење и потоа општествен систем којшто напредува благодарение на нивните знаења. Македонски доктори, инженери,
програмери, архитекти, биолози, физичари, економски, секојдневно придонесуваат за напредокот на некоја земја, на некоја нација, а Македонија чекори во место.

“Време е за промена и време е за конкретни чекори што ги предлагаме за ургентни реформи што треба да се направат сега. Со нашите реформи предвидено е воведување на виши, практични студии со воведување двегодишно практично ниво за одредени профили притоа додавајќи вредност на образованието која може да се преточи врз зголемување на ефикасноста на пазарот на труд. Вложување во инфраструктурата и во
кадарот на училиштата, наставниците треба да добијат поддршка за обука, пред да станат одговорни за водење своја училница. Неопходно е да се создаде национална програма за училишна инфраструктура која ќе ги ажурира училишните згради, истовремено создавајќи работни места во локалните заедници. Враќање на спортот во училиштата и враќање кон основите за одгледување на храна. Ревидирање на
постоечкиот материјал за учење и создавање на инвентивни курикулуми за средно иосновно образование. Ставање на учителот, наставникот, професорот во центар на образованието. Овозможување на секој ученик, студент, да си ги пронајде своите силни карактеристики и да ги усовршува со тоа што кога ќе заврши неговиот период на образование ќе може да доведе до создавање на додадена вредност во општеството
од поединец кој поминал низ образовниот процес. Различен приод до секое дете е моделот кој може да ги отвори потенцијалите на учениците правејќи ги силни и способни во тоа што го изучуваат”, објасни Спасовска.

Македонско концепт се залага за еднакво образование за сите, кое ќе биде јавно достапно и ќе дава еднакви можности за сите, без разлика на полот, верата, националноста, бојата на кожата и слично. Да се исфрлат сите ограничувачки елементи од учебниците и образованието да биде наменето за сите подеднакво без
дискриминација особено родова дискриминација. Главен адут во одлучување на квалитетот на учениците и студентите да бидат нивните перформанси.

Улогата на високо квалитетни образовни системи за едно општество значи да ги подигнат луѓето од сиромаштија, да постигнат поголема еднаквост, да развијат добро-функционално мултикултурно општество и секако, да создадат просперитетна економија и поголем број добри работни места.

Овие се и нашите цели, на Македонски концепт, да создадеме образовен систем што ќе ја обезбеди иднината и просперитетот на нашата земја. Затоа давањето поддршка за бројот 10 е поддршка за оваа идеја и заедничка цел.

Слични содржини