Македонски војник позитивен на ковид-19 се транспортира од Африка

од Берта Китинска

Пациент во тешка состојба позитивен на ковид 19, пристигнува во Македонија и се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести, дознава “Фокус” од извори на клиниката.

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.

Слични содржини