Македонскиот јутјубер Стефонатор низ солзи раскажа за борбата со тумор (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Познатиот македонскиот јутјубер Стефан Рашковиќ, познат како Стефонатор, низ солзи откри како ја води најтешката борба во животот.

23-годишното момче ја добило страшната дијагноза во јули минатата година. Како што раскажува Стефан,  минатата година му бил дијагностициран тумор на тестисите. Веста дошла како вистински шок за младиот јутубер.

,,Беше тешка и операцијата, бидејќи по неа јас не можев да станам од кревет.”- вели тој.

И покрај целата боpба, тој продолжил храбро да ги исполнува сите работни обврски и да оди на настани, без публиката да забележи низ што поминува.

„Хемотерапија беше нешто што најтешко го издржав. Беше тешка и операцијата, бидејќи после операцијата јас не можев да станам од кревет, неколку дена не можев да станам никако од кревет. Имав страшно лоши болки. Потоа почнав да земам некои апчиња против бoлки, па почнав полека да се пуштам, одев, правев по неколку чекори во соба, па сè подалеку и сè подалеку. По неколку дена јас отидов во Штип на настап. Тоа го направив само неколку дена по оперaција, не знам ни јас како. Сите ми се чудеа. После следеше филмот „Хакер“, премиерата на „Хакер“ и некако отидов.

Слични содржини