Македонскиот каскадер Рок Цветков за „Локално“: Куршумот во пиштолот на Болдвин е подметнат – убиството е несреќен случај

од Берта Китинска

Веста дека актерот Алек Болдвин ја застрелал и убил снимателката Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Рѓа“ (Rust) со денови ја тресе јавноста, а секојдневно се објавуваат нови детали од истрагата.

За овој немил настан „Локално“ поразговара со нашиот светски познат каскадер Рок Цветков кој со години работи во Холивуд како режисер и координатор на сцените во филмовите каде се употребуваат различни реквизити, се изведуваат скокови и борачки вештини .

Според него инцидентот кој се случи на снимањето на „Рѓа“ не е случајност.

-Недозволиво е да се пука со вистински куршуми на сцени каде се снимаат филмовите.Постојат јасни протоколи по кои се води снимањето и употребата на секој реквизит.Секој куршум се обележува.Тоа што се случи за време на снимањето на „Рѓа“ не е случајно, можам слободно да кажам дека тоа е еден вид реваншизам во кој можеби никој не очекувал дека некој ќе загине, мислејќи дека тој куршум ќе заврши на друго место со цел да се предупреди или исплаши екипата која го работи филмот.Очигледно тој што го подметнал сакал да направи скандал за да се пишува.Пукањето на Болдвин во камерманка на филмот е несреќен случај. Има многу немили настани кои завршуваат со фатални последици во Холивуд.Сметам дека актерот Брендон Ли, синот на легендата на боречките вештини Брус Ли, беше намерно застрелан и убиен за време на снимањето на филмот „Гавран“ во 1993 година за да не се стекне со слава иако како својот татко, истрагата утврди дека актерот бил убиен од невнимание, објаснува нашиот познат каскадер.

Цветков вели дека оружјето во филмовите иако во некои случаи е лажно никогаш не треба да се вперува кон некого или кон камерата.

– Учејќи ги дублерите и актерите постојано на пробите им посочувам дека со употребата на реквизити треба да се внимава.Протоколите се јасни пиштолот пред да се употреби се репетира два-три пати.Додека се снимаат сцените секогаш се пука на страна со ќор-фишеци со цел да се испушти звукот, вели Цветков кој во моментов работи со својата екипа сосатвена од 60 лица на снимањето на филмот „Тhe Еxpendables 4“ во Солун.

-Во моментов со мојата екипа сме дел од тимот на филмот „The Expendables 4“.Актерите се одлични и снимањето тече во најдобар ред.Мојата задача во овој филм е обука на актерите и нивните дублери како да се изведат сцените со тепање и пукање.Прво го обучуваме актерот со боречките вештини потоа следи обука на дублерот кој се појавува во каскадерските сцени. Во овој филм дублер на позната Меган Фокс ќе биде мојата ќерка која исто така ја заменуваше и Селма Хаек во „The Hitman’s Bodyguard“, раскажува Цветков.

Струмичанецот со холивудска слава вели дека има одлично пријателство со Том Круз и Џеки Чен, но и дека со сите актери има одлична соработка објаснувајќи дека нивната улога во филмот зависи и од сцените на нивните дублери.

-Најголем успех ми се каскадерските сцени од времето кога беше популарен Џеки Чен, Чак Норис… Тогаш работивме вистински каскадерски сцени. Чен е глумец кој поголем дел од каскадерските сцени ги изведува сам.Снимавме заедно еден филм каде тој требаше да скокне од еден ѕид кон друг, му рековме да ставиме душек измеѓу со цел да не се повреди, тој одречно кажа НЕ и скокајќи падна и се здоби со тешка повреда синимањето беше во Хрватска. Чен тогаш заврши во болница, раскажува Цветков.

Според него каскадерството денес не е она што некогаш беил тој вели дека сега се започнува каскадата, а на крајот таа работа ја завршува компјутерот.

Schindler’s List, McMafia, The Patriot , Rush , Lone Wolf McQuade, Speed, Out of Control…..се само дел од долгиот список на серии и филмови во кои глуми и нашиот познат каскадер.

Б.М.

Слични содржини