Македонскиот конзул во Софија: Светот во кој Бугарите и Македонците нема да бидат браќа, не е мојот свет

од Nikola Popovski

Светот во кој Бугарите и Македонците нема да бидат браќа, не е мојот свет. Навредите меѓу Бугарите и Македонците се странска игра која има за цел да не труе. Ова го кажа пред напуштање на функцијата генералниот конзул на С. Македонија во Бугарија Александар Панев, објави новинар на БГНЕС.

„Како македонски дипломат, се трудев колку што можев и колку што зависеше од мене, но не успеав да направам многу, центрифугалните балкански сили се силни. Секогаш гласно велев, светот, во кој нема да бидеме браќа, туку Татари, окупатори, Коминтерна и такви ниски навреди, не с мој. Ниту сакам да имам кариера во такви игри, игри во кои ќе мора да бидеме груби. Овие игри не се наши, тие се наметнати да не трујат и заслепат, да не гледаме добро во братот, туку само лошото“, истакнува Панев.

„Можеби ќе дојдат идни генерации, попаметни од нас, тие ќе сторат повеќе и подобро, ние треба да ги едуцираме и да ги водиме. За да покажеме дека можеме повеќе, барем да се обидеме“, заврши Панев.

Слични содржини