Македонските херои ќе го слават триумфот на плоштадот „Македонија“

од Берта Китинска

Македонската фудбалска репрезентација попладнево ќе се врати од Палермо.

Pосле слетувањето на аеродромот Петровец, фудбалските херои ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“.

Македонската експедиција треба да слета во Скопје во 17.30 часот, а еден час потоа е закажано доаѓањето на фудбалерите и стручниот штаб на плоштадот „Македонија“, веројатно околу 18.30 часот, информираа од ФФМ.

Македонската репрезентација славеше со 1:0 против Италијанците со голот што го постигна Александар Трајковски.

Трајковски, кој инаку е поранешен фудбалер на Палермо, ги шокираше Италијанците со удар од далечина во судиското продолжение, во 92. минута.

Натпреварот против Португалија го играме во вторник од 20:45 часот.

Слични содржини