„Македонци имате историска можност да кажете ДА“

од Берта Китинска

Македонци имате историска шанса да кажете ДА – никогаш не сме биле толку блиску до старт на преговори, порача претседателот на Европски Совет Шарл Мишел.

Директно обраќајки се до народот Мишел кажа – Македонскиот јазик е ваш јазик, Македонци имате шанса да бидете првак во проширувањето.

Претседателот на Европскиот совет при посетата на Скопје беше прашан дали уважувањето на бугарските барања во однос на Македонија и условувањето со билатерални прашања од областа и на историјата и на јазикот не претставува преседан со кој ќе се соочат и други и идни земји кандидати за членство во ЕУ.

„Моето гостување овде е израз на почит кон граѓаните на Северна Македонија кои изгубија многу време заради несогласност во ЕУ, но сега донесовме транспарентен предлог. Ако има позитивна одлука од македонските власти, тогаш се оди на меѓувладина конференција, на скрининг процес и уставни измени и потоа низ поглавја до члество. Ваш е изборот, на вашите граѓани и тоа може да значи фундаментален избор во полза на граѓаните и нивната иднина. Русија со војната во Украина покажа што значи недемократска земја. Имаме јасна иднина за вашата земја, јасен процес кој можеме да го забрзаме и да ги зајакнеме врските со луѓето. Европскиот континент ќе биде побезбеден со Западниот Балкан.

На новинарското потпрашање зошто ЕУ застана зад примитивните барања на Бугарија, меѓу кои е и фактот дека не го признава македонскиот јазик, додека во дел од земјите во ЕУ има и истородна рамноправност, Мишел рече дека со сета почит дошол во земјава за да ги слушне овдешните ставови и да изнесе свои поенти, но дека споредбата изразена низ прашањето не му е сосема јасна.

„Јас секогаш ги бранам легитимните права на Македонците преку Европскиот совет. Сакаме да играме конструктивна улога и ги споделуваме европските вредности. Сигурен сум дека ќе успееме“, рече Мишел.

Слични содржини