Македонците ќе можат да патуваат во Бугарија од први јуни без задолжителниот карантин

од Nikola Popovski

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за граѓаните на повеќето земји од Европската унија, Србија и Северна Македонија, но не и за земјата со најголем број заболени со коронавирус, изјави главниот бугарски здравствен инспектор Ангел Кунчев, пренесе Ројтерс.

Карантинот ќе остане задолжителен за патниците од Шведска, Белгија, Ирска, Португалија, Шпанија, Италија и Малта, како и Велика Британија, која е во преоден рок по напуштањето на ЕУ.

Кунчев изјавил дека Кризната група и предложила на владата да го укине карантинот од 1 јуни, а тоа треба да биде одобрено од Министерството за здравство.

„Планираме да го укинеме задолжителниот карантин за нашите граѓани кои се враќаат од странство, за патниците од повеќето земји на Европската унија, како и за Србија и Северна Македонија“, изјавил Кунчев пред новинарите.

Тој посочил дека ќе го задржат за осумте земји на Европската унија кои имаат најголем број регистрирани случаи во последните две недели.

Од почетокот на пандемијата, во Бугарија се регистрирани 2.475 пациенти со коронавирус, а починале 136 лица.

Слични содржини