Македонците најблагонаклонети кон Ердоган

од Vladimir Zorba

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ужива најголема благонаклонетост од граѓаните на Северна Македонија. Германската канцеларка Ангела Меркел е втора, а трет е претседателот на Русија Владимир Путин.

Анкетата што ја спроведе истражувачката агенција БРИМА, членка на Gallup International, со 1210 испитаници, лице-в-лице, во домот на испитаникот, покажува дека 60 проценти од испитаниците во земјава се изјасниле дека имаат благонаклоно или донекаде благонаклоно мислење за турскиот претседател Ердоган, кој е на врвот на оваа листа, а веднаш зад него, односно 54 отсто од анкетираните се изјасниле за германската канцеларка Ангела Меркел, која во поголемиот дел од светот е рангирана на првото место.

Од испитаниците во земјава, 47 проценти имаат позитивно мислење за рускиот претседател Путин, 42 отсто за американскиот претседател Доналд Трамп, а на последно место е претседателот на Франција Емануел Макрон за кого 21 процент од испитаниците дале позитивно мислење и 63 отсто се изјасниле дека се неблагонаклонети кон него.

Слични содржини