МакКанабис: Сите фирми работат со загуба, итно да се донесе Законот

од Aleksandar Todeski

Итно да се донесат измените во Законот за опојни дроги и психотропни супстанци бидејќи фирмите кои работат во бизнисот со канабис работат со загуба, рече Костадин Дуковски, претседател на здужението МакКнабаис. Фирмите бараат во новиот Закон да се дозволи извоз на цвет од канабис, бидејќи така ќе можат оние кои вложиле милионски суми во овој бизнис да бидат на нула, а подоцна и во добивка.

„Упатуваме отворен апел до сите партии, а најмногу до трите најголеми партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во оваа ситуација да престанат со ситно политичко профитерство и заедно здружно да се донесе овој Закон пред да се распишат предвремените парламентарни избори. Остануваат уште две недели“, рече тој.

Според него, Законот бил повлечен од страна на Министерството за здравство со цел да се вметнат и нивните забелешки. Бараат и можност да се користи делот кој сега се складира како отпад, бидејќи во него ги има потребните состојки за употребата во медицински цели.

„Очекуваме после овој прес трите најголеми политички партии јавно да заземат став дека Законот ќе оди по скратена постапка и дека конечно еднаш сплотено ќе постапиме заедно за доброто на Македонија. Во моментов губат оние кои инвестирале во овој бизнис, илјадниците семејства кој што со примарна и секундарна дејност ќе живеат од бизнисот, а најмногу губи државата, огромни средства кои би се слеале во буџетот“, истакна Костадин Дуковски.

А.Т.

Слични содржини