Макрон: Да и дадеме на Украина „јасни и силни безбедносни гаранции“ на самитот на НАТО

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Украина треба да добие „јасни и силни безбедносни гаранции“ на самитот на НАТО во јули во Литванија.

„Од Вилнус мора да се испрати јасна порака до Украина и Украинците. Јас сум за посилни, конкретни и многу јасни безбедносни гаранции“, изјави Макрон за новинарите по состанокот на европските лидери во Молдавија.

Тој не прецизираше за какви гаранции станува збор, но рече дека тие треба да бидат нешто помеѓу гаранциите што ги добива Израел и полноправното членство во НАТО.

Слични содржини