Макрон до Заев: С. Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski

Францускиот претседател Емануел Макрон, на заедничката прес-конференција со нашиот премиер Зоран Заев пред Елисејската палата, порача дека С. Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ.

„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите со ЕУ без одложување“, истакна Макрон.

Премиерот Заев посочи дека денешната средба ги збогатува нашите билатерални и пријателски врски, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Република Франција.

„Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на ЕС во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за отргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение“, соопшти премиерот во изјава за медиумите.

Заев е во Париз заедно со вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Слични содржини