Макрон: Европа станува континент кој не верува во својата иднина

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Европската унија треба да се разбуди бидејќи станува континент кој не верува во својата иднина.

„Ние не инвестираме доволно во нашата иднина … и политички тоа е единствениот начин да се помириме со нашата средна класа“, рече Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека би сакал да види Европа, што може да го заштити суверенитетот, Европа која е посуштинска и Европа која има ентузијазам за својата иднина.

Тој рече дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбиции, со цел да не заостануваат од САД и Кина, особено во однос на идните технологии.

Слични содржини