Макрон: Франција не се наоѓа на погрешен пат

од desk4

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговата земја не се наоѓа на погрешен пат и најави нови реформи како одговор на протестите на „жолтите елеци“.

– Се запрашав дали треба да прекинеме се што е направено во изминатите две години, дали сме на погрешен пат, но јас верувам во спротивното, истакна Маркон денеска една од ретките прес-конференции како одговор на повеќе месечните протести на „жолтите елеци“.

Тој нагласи дека мора да се обезбеди подобро функционирање на јавните услуги во помалите места и „мора да се гарантира пристап за сите здравствени служби, како и да се гарантира дека ниту едно училиште или болница нема да бидат затворени без одобрение на градоначалниците“.

Макрон се осврна и на пензиите, додавајќи дека Владата планира да ги зголеми најниските пензии со растот на инфлацијата.

Слични содржини