Макрон го именуваше составот на новата француска Влада

од Берта Китинска

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ја назначи актуелната амбасадорка на Франција во Велика Британија, дипломатот од кариера Кетрин Колона за нов министер за надворешни работи на земјата, соопшти Елисејската палата.

Актуелните министри за финансии и економија Бруно Ле Мер и министерот за внатрешни работи Жерар Дарманен ќе останат на функцијата, додаде генералниот секретар на Елисејската палата додека го читаше новиот состав на владата, потврдувајќи ги претходните извештаи, пренесе Ројтерс.

Слични содржини