Макрон ја назначи новата француска влада: 17 жени и 14 мажи во кабинетот

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател Емануел Макрон назначи нова француска влада предводена од премиерот Жан Кастекс.

Генералниот секретар на Елисејската палата, Алексис Колер, ја претстави новоназначената Влада на Франција, формирана од премиерот три дена по оставката на сега поранешниот премиер Едуард Филип.

Според Колер, во новиот кабинет на француската влада има вкупно 31 лице, 17 жени и 14 мажи.

Нови имиња се приклучија на владата. Барбара Помпили, која во 2016 година беше претседател на парламентарната група на Зелената партија (ЕЕЛВ) и тогашен државен министер за биодиверзитет за време на мандатот на претседателот Франсоа Оланд, е назначена за министер за животна средина.

Ерик Дупон-Морети, познат француски кривичен адвокат, е назначен за министер за правда. Назначувањето на Морети за министер предизвика големо изненадување во Франција.

Розелин Бачелот е назначена за министер за култура, која ја имаше функцијата двапати претходно, за време на мандатот на Жак Ширак и Никола Саркози.

Елизабет Морено, која е родена во 1970 година на островот Сантијаго и се пресели во Франција во 1977 година, ќе служи како министер задолжен за еднаквост меѓу мажите и жените.

Поранешната министерка за животна средина Елизабет Борн го презема Министерството за труд, поранешниот министер за финансии Жерард Дарманин го МВР, а поранешниот министер за физичко планирање ќе работи како министер за земјоделство и храна.

Така, Макрон ќе работи со друга влада од стапувањето на должноста. Филип, кој беше унапреден во премиер откако Макрон беше избран за претседател, ја донесе својата одлука за оставка на 3 јули, која беше прифатена.

Оставката на Филип е резултат на долгогодишно несогласување со Макрон околу решавањето на социјалната и економската криза во земјата.

Новиот кабинет ќе го одржи својот прв состанок утре под претседателство на Емануел Макрон.

Слични содржини