Макрон ја одби оставката на премиерката Елизабет Борн

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одби оставката на премиерката Елизабет Борн, соопшти утринава Елисејската палата, два дена по парламентарните избори на кои владејачката коалиција го загуби апсолутното мнозинство.

Макрон ја одбил понудената оставка „за владата да остане посветена на своите задачи и својата работа во тековните денови“, објави ТВ БФМ.

Шефот на државата ќе ги спроведе „неопходните политички консултации за да се најдат конструктивни решенија во служба на Французите“, се наведува во соопштението објавено пред серијата средби на Макрон со шефовите на партиите денеска и утре во Елисејската палата.

Слични содржини