Макрон ја прогласи својата прва победа против коронавирусот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во своето обраќање пред нацијата денес рече дека треба да се гради Европа независна од Кина и САД, прогласувајќи ја „првата победа“ на неговата земја против коронавирусот.

Кризата од коронавирусот покажа колку зависна е Франција и остатокот од Европа од ланецот на снабдување од Кина и другите делови на светот.

„Ова искушение покажа недостатоци и слабости: нашата зависност од другите континенти во обезбедувањето на некои стоки“, рече Макрон во телевизиското обраќање, истакнувајќи дека сака Европа да научи лекција од ова.

„Единствениот одговор е да се изгради нов, посилен економски модел и повеќе труд и производство, така што ние нема да сме зависни од другите“.

Францускиот претседател најави дека ќе ги забрза плановите за отворање на земјата и ќе ги ублажи воведените мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

„Војната против епидемијата не заврши, но јас сум среќен со оваа прва освоена битка против вирусот“, рече Макрон, додавајќи дека рестораните и кафулињата би можеле повторно да бидат отворени од понеделник.

Француските власти очекуваат економијата да падне 11 проценти оваа година, а Макрон најави дека Франција ќе издвои околу 500 милијарди евра за да и помогне на економијата. Тој, сепак, вети дека трошоците за одржување на деловното работење и вработувањето на населението нема да бидат на грбот на даночните обврзници.

Лидерот на втората по големина европска економија се осврна и на антирасистичките протести кои се шират низ целиот свет по Соединетите држави, вклучително и Франција, која беше критикувана за лошото постапување со своите малцинства.

Макрон рече дека бојата на кожата често ги намалува шансите во Франција и вети дека ќе биде цврст по прашањето за каква било дискриминација.

Но, претседателот на оваа земја со колонијалистичко минато истакна дека Франција „нема да избрише никаква трага или име од своето минато“ или да „урива споменици“, осврнувајќи се на уништувањето на статуи на историски личности за кои демонстрантите тврдат дека имаат расистичко минато, во земји како САД, Велика Британија или Белгија.

Слични содржини