137
Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон, зборувајќи за својата сопруга, оцени дека никој немаше ништо да зборува, ако таа беше 24 години помлада од него.
„Ако јас сум постар 20 години од својата сопруга никој ниту за момент немаше да размислува за тоа. Само затоа што таа е постара 20 години од мене, многу луѓе зборуваат дека оваа врска е невозможна, изјави Макрон за весникот Parizien.
Како причина за таквите коментари Макрон ги наведува традиционалните погледи на општеството.
„Постои проблем со тоа, како поединци ја гледаат позицијата на жената во општеството“, истакнува Макрон. Тој е тажен што политиката не е барем малку поцивилизирана.