Макрон кон Пендаровски: Франција е решена дека преговорите за членство треба да почнат следните месеци

од Vladimir Zorba

Бидете убеден дека ја имате мојата целосна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија. Франција е решена дека преговорите за членство треба да почнат следните месеци и ќе продолжи да спроведува напори за да се изнајде решение за билатералните спорови, пишува во честитката по повод Денопт на независноста претседателот на Франција Емануел Макрон упатена до претседателот Стево Пендаровски.

„Франција ќе биде внимателна преговарачката рамка, која ќе биде усвоена, да ја одразува новата методологија за процесот за членство, која јас ја посакував, и ќе продолжи да ги унапредува и да ги поддржува суштинските реформи за европското приближување на Северна Македонија, особено во клучните области како што е владеењето на правото, кои се во сржта на европските вредности“, пишува Макрон.

Францускиот претседател понатаму вели дека Франција и Европската Унија остануваат на страна за стабилноста и за просперитетот на Северна Македонија и на Западниот Балкан и ги поддржуваат сите иницијативи кои се во таа насока, особено Преспа Форумот за дијалог.

„Сакам и да Ви го пренесам моето воодушевување за патот кој го поминавте по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред дваесет години. Вашиот успех и успехот на вашата земја за помирувањето, за кое сведочи и Преспанскиот договор, служи како пример во регионот и пошироко.“, пишува во честитката.

Макрон потсетува дека за време на посетата премиерот Зоран Заев на 10 јуни годинава, ја повтордил неговата желба двете земји да ги продолжат и да ги зајакнат билатерални односи.

„Северна Македонија е сојузник и суштински партнер на Франција во Западниот Балкан. Француската стратегија за Балканот предвидува засилена поддршка од Франција за економскиот и социјалниот развој на регионот, особено преку Француската агенција за развој, која по потпишувањето на меѓувладиниот договор помеѓу двете земји на 21 февруари 2021 година, набрзо ќе започне со своите активности во Северна Македонија во областа на одржливиот развој “ се додава во писмото на францускиот претседател.

Макрон потсетува и на солидарноста меѓу двата народа.

„Повторно ја искажувам мојата солидарност и солидарноста на францускиот народ кон населението од Северна Македонија во справувањето со предизвиците со кои се соочува вашата земја. Ангажирањето на експертските пожарникари за справувањето со шумските пожари се нејзин доказ. Но и во екот на пандемијата предизвикана од ковид-19 со која се соочуваат нашите земји, посветеноста на Европската Унија е целосна за да може регионот да се справи со таа криза“, пишува вописмото на францускиот претседател упатено до претседателот Пендаровски по повод Денот на независноста.

Слични содржини