Макрон: Лукашенко ќе има проблеми во својата земја ако влезе во војна заедно со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изјави дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ќе се соочи со „проблеми“ во сопствената земја доколку навлезе подлабоко во војната во Украина, заедно со Русија.

„Доколку претседателот Лукашенко одлучи подлабоко да се вклучи во оваа војна, тој ќе го стори тоа против советите на голем дел од својот народ“, рече Макрон на телевизијата Франс 2.

Со тоа, Лукашенко би „презел одговорност“ која, според Макрон, „нема да помине без проблеми“.

На 24 февруари 2022 година, руските трупи упаднаа во Украина, меѓу останатите, и од територијата на Белорусија.

Слични содржини