Макрон: Лукашенко мора да си оди

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател Емануел Макрон за францускиот весник „Журнал ду диманш“ изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко „мора да си оди“.

Европската унија во четвртокот соопшти дека нема да го признае Лукашенко за претседател на Белорусија поради големите протести низ целата земја кои ги доведоа во прашање резултатите од претседателските избори минатиот месец, за кои Лукашенко тврди дека убедливо ги добиле, додека приврзаниците на опозицијата сметаат дека изборите биле наместени

„Она што се случува во Белорусија е криза на власата, авторитарна влада која не може да ја прифати логиката на демократијата и се одржува со сила“, рече Макрон во интервјуто пред утрешните посети на Литванија и Латвија.

Вчера обраќајќи се на Генералното собрание на Обединетите нации на виртуелен состанок, министерот за надворешни работи на Белорусија предупреди на мешањето на Западот и воведувањето санкции за претседателските избори во земјата и одговорот на владата на демонстрациите.

„Гледаме обиди за дестабилизација на ситуацијата во земјата. Мешањето во нашите внатрешни работи, санкциите и другите ограничувања во Белорусија ќе имаат спротивен ефект и се апсолутно штетни за сите“, рече шефот на белоруската дипломатија.

Повеќе од 12.000 луѓе се уапсени за време на демонстрациите откако претседателот Александар Лукашенко беше прогласен за победник на изборите.

Слични содржини