Макрон најави спроведување на пензиската реформа, демонстрантите на улиците на Париз

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку часа по синоќешното јавно обраќање на францускиот претседател Емануел Макрон за реформата на пензискиот систем, која според него ќе биде спроведена пред крајот на годината, на улиците на Париз беа организирани нови демонстрации.

Демонстрантите се собраа во 20-тиот париски арондисман, а оттаму започнаа ноќна прошетка низ париските улици, јавува BFM TV.

Во исто време, друга група незадоволни граѓани се собраа во 18-тиот париски арондисман и две протестни поворки мирно демонстрираат во француската престолнина.

Слични содржини