Макрон одби да ги нарече акциите на Русија во Украина геноцид

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска одби да ги нарече акциите на Русија во Украина геноцид, јавува Си-Ен-Ен.

Запрашан за време на интервју за телевизијата „Франс 2“ дали тој, како и американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе ја употреби формулацијата „геноцид“ за да го опише убиството на Украинците од страна на руската војска, Макрон рече дека е потребна претпазливост кога се користи терминот, дека ескалацијата на реториката нема да придонесе за враќање на мирот.

„Би бил внимателен со употребата на такви термини денес, бидејќи овие два народа (Русите и Украинците) се братски. Сакам да продолжам да се обидувам, колку што можам, да ја прекинам оваа војна и да го вратам мирот. Не сум сигурен дека ескалацијата на реториката може да послужи за таа цел“, рече Макрон.

Слични содржини