Макрон: Повеќе од 300 борци пристигнале во Карабах преку Турција

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави дека неговата земја потврдила дека повеќе од 300 борци пристигнале од Сирија, преку турски Газиантеп, во зоната на конфликти во Нагорно Карабах.

„Однесувањето на Турција не е достојно за земја-членка на НАТО и веруваме дека ваквите активности се целосно неприфатливи. Во овој случај, црвената линија веќе е надмината“, рече тој пред новинарите по првиот ден од самитот на Европската унија во Брисел, пренесува ТАСС.

Тој објасни дека повеќе од 300 сириски борци биле изнесени од зоната Алепо и потоа се распоредени во зоната на конфликтот Нагорно Карабах преку турски Газиантеп, со цел да учествуваат во „непријателските акции на страната на Азербејџан“.

„Ова е потврден факт, овие лица се идентификувани и следени и сите се поврзани со терористичката организација Исламска држава [Ирак и Левант – ИСИЛ]“, рече Макрон.

Тој додаде дека разговарал за тоа со рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што изјави, потврдил дека Русија била информирана за тоа.

Тој додаде дека Франција, Русија и САД, како копретседатели на Минската група на ОБСЕ, ќе презентираат низа иницијативи за запирање на конфликтот во Нагорно Карабах што е можно поскоро.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека лидерите на ЕУ ја повикуваат Турција да престане да се меша во прашањето за Нагорно Карабах и да има конструктивна улога во деескалацијата на ситуацијата.

Слични содржини