Макрон: Русија не може и не смее да победи во Украина, санкциите остануваат

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска по самитот на Г7 во Германија изјавија дека руските планови во Украина ќе пропаднат. Францускиот претседател изјави дека Русија има само една цел, а тоа е Украина да се предаде, но дека Москва нема да ја добие војната.

„Русија не може и не смее да победи“ во војната во Украина, а санкциите ќе траат „колку што е потребно“, рече Макрон на прес-конференција по самитот на Г7 во Германија.

„Се работи за безбедноста на европскиот континент“

Макрон рече дека рускиот напад на украинскиот трговски центар оваа недела е „воено злосторство“ и дека Франција ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно. Властите соопштија дека во нападот во понеделникот врз трговски центар во централниот украински град Кременчук загинале 18 лица, а 36 се водат како исчезнати.

Макрон, исто така, пред самитот на НАТО во Мадрид од денеска до четврток рече дека земјите-членки на алијансата мора да испратат порака за единство.

„Пораката што мора да се испрати од Мадрид е порака за единство и сила“, истакна тој. „Се работи за безбедноста на европскиот континент“, додаде тој.

Слични содржини