Макрон: Санкциите против Русија веќе не даваат резултати

од Vladimir Zorba

Денес, по самитот на ЕУ во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека политиката на „прогресивни санкции против Русија и замрзнување на ситуацијата не дава резултати“.

„Санкциите не помогнаа Русија да го промени своето однесување и политика. Ова е момент на вистината за нашите односи со Русија и затоа ќе мораме да ги преиспитаме нашите идни активности во контроверзни и напнати ситуации“, рече Макрон, пренесе „CBC News“.

Францускиот претседател посочи дека меѓународната заедница треба да повлече „јасни црвени линии“ за она што го смета за „неприфатливо однесување на рускиот државен врв и претседателот Путин“, но самото воведување санкции веќе не е доволно.

Во интервју за „CBC News“, претседателот Макрон целосно ја поддржа намерата на американскиот претседател Џо Бајден да отвори дијалог со Русија и потсети дека тој е лидер на идејата за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Русија.

Слични содржини