Макрон се огласи по денешниот инцидент: „Шлаканицата е изолиран настан“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се огласи по повод денешниот инцидент кога едно лице од публиката го нападна и рече дека денешниот инцидент во кој беше удрен со шлаканица е изолиран настан.

„Овој инцидент мора да го ставиме во перспектива, ова е изолиран настан“, изјави Макрон за францускиот локален дневен весник „Дофин Либре“, откако лице од толпата му удри шлаканица додека одеше и се ракуваше со граѓаните на југоистокот на Франција, објави „Ројтерс“.

Како што објасни Макрон, не смееме да дозволиме ултранасилните луѓе да преземаат јавни дебати, нагласи тој, тие не го заслужуваат тоа.

Слични содржини