Макрон, Шолц и Драги денеска ќе го посетат Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерите на трите најголеми земји на Европската унија, Германија, Франција и Италија денеска се очекува да го посетат Киев и да ја покажат својата поддршка за Украина, непосредно пред одлуката на Брисел за статусот на украинската кандидатура за членство во Европската унија.

Посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги, која не беше официјално најавена од безбедносни причини, доаѓа еден ден пред Европската комисија да препорача препорака за статусот на Украина како кандидат за членство во ЕУ, пишува „Ројтерс“.

Официјален Киев ги критикуваше Франција, Германија и во помала мера Италија за наводно одложување на поддршката за Украина, обвинувајќи ги за бавно доставување оружје и ставање на нивниот просперитет пред слободата и безбедноста на Украина, наведува „Ројтерс“.

Слични содржини