Макрон стана поглавар на Брегот на Слоновата Коска

од Nikola Popovski

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на официјалната посета на Брегот на Слоновата Коска ја доби титулата традиционален поглавар.

Според француските медиуми, титулата на Макрон му е доделена во Абиџан од градоначалникот на главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Робер Бегре Мамбре.

–  Традиционалните и религиозните поглавари побараа од мене да ви го доделам името „Нџекуале“, односно оној кој претставува мир и спокојство, оној кој е во потрага по мир, кој работи за мир со своите дела, рече Мамбре.

Тој истакна дека Макрон сега е „традиционален поглавар во согласност со најизворната традиција“ на Брегот на Слоновата Коска.

Францускиот претседател во таа прилика ја доби и традиционалната облека на поглавар.

Макрон, претходно, за време на посетата на Абиџан изјави дека француските сили убиле 33 терористи во областа Мопти во Мали.

Слични содржини