Макрон: Вакцинацијата во Франција е планирана за периодот од април до јуни

од Nikola Popovski

Франција планира кампања за вакцинација за пошироката јавност против Ковид-19 помеѓу април и јуни, по првиот бран предвиден за најчувствителните луѓе, изјавил денеска претседателот Емануел Макрон.

На почетокот на 2021 година е предвидена првата кампања за вакцинација, однапред насочена, со вакцините од првата генерација, со оглед на дозите што ќе ги има на располагање Франција, изјавил Макрон на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Александар Де Кром.

Вториот бран, како што рече, ќе биде меѓу април и јуни, тој ќе биде поширок и ќе ја опфати пошироката јавност со цел да се вакцинираат што повеќе луѓе, додал францускиот претседател.

Слични содржини