Макрон: Велика Британија мора да даде причина за одложување на Брегзит, засега нема

од Vladimir Zorba

Продолжување на преговори за Брегзит со Европската унија во оваа фаза не е оправдано и Британија треба да даде доволно добра причина со цел преостанатите 27 членки на ЕУ да се согласат за натамошно одложување, изјави извор близок до францускиот претседател Емануел Макрон.

– Франција сака оправдано и пропорционално продолжување на рокот. Сепак, засега немаме ништо слично. Треба да им покажеме на Британците дека треба да ја разјаснат ситуацијата и оти одложувањето не е загарантирано, изјавил изворот за некои светски агенции.

Тој одбил да каже за колку Макрон би се согласил да се продолжи рокот ако Велика Британија обезбеди политичко оправдување – кое Франција претходно го опиша како одржување избори или референдум.

Макрон смета дека временскиот притисок е важен за да се обезбеди дека ќе заврши процесот на ратификација во британскиот Парламент.

– Притисокот мора да се одржи, додал изворот.

Слични содржини