Макрон во џемпер: Носи „дебела“ облека поради штедење на енергија

од Nikola Popovski

Францускиот претседател Емануел Макрон се приклучи на трендот на „носење дебела облека“, што го иницираше Владата со цел да им даде пример на другите за заштеда на енергија во Франција, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Макрон се појави во дебел џемпер на состанокот во Елисејската палата во Париз.

Наместо кошула со вратоврска, како што тоа обично го правеше, францускиот претседател пред камерите се појави во џемпер-ролка, поради што веднаш се најде во јавноста.

Бруно Џуди, уредник за политика на францускиот канал BFMTV, рече дека на овој начин Макрон отворено ја поддржал владината иницијатива за заштеда на енергија додека Франција се соочува со страв од прекин на електричната енергија и зголемување на цените во текот на претстојната зима.

Во Франција различните предлози на членовите на Владата со цел заштеда на енергија предизвикаа контроверзии меѓу политичарите во земјата.

Контроверзи се појавија особено откако премиерката Елизабет Борн и нејзиниот кабинет покренаа иницијатива да им бидат пример на граѓаните со носење бунди и дебели џемпери.

Опозицијата жестоко ја критикуваше власта и повика на решение на енергетската криза наместо со штедење.

Во Франција поради недостигот на енергија се разговара температурата во домаќинствата да се одржува на максимум 19 степени и да се воведат санкции за сите кои нема да ги почитуваат правилата.

Фото: Ludovic MARIN / AFP / Profimedia

Слични содржини