Макрон за нападот на трговскиот центар во Украина: „Ова е одвратно“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во рускиот напад на трговски центар во украинскиот град Кременчук, бројот на загинати се искачи на 18.

Приближно 60 лица беа повредени во вчерашниот напад, а повеќе од 40 лица се водат како исчезнати.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави видео на Твитер што се појави по нападот.

– Руското бомбардирање на трговскиот центар во Кременчук е одвратно. Ја делиме болката на семејствата на жртвите и гневот за таквото злосторство. Рускиот народ мора да ја види вистината – напиша Макрон.

Украина ја обвини Русија за нападот, велејќи дека користени ракети воздух-земја Х-22 истрелани од бомбардери со долг дострел Ту-22.

Слични содржини