Макрон: Законот за пензиската реформа ќе биде спроведен до крајот на годинава

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека законот за пензиска реформа би требало да биде спроведен пред крајот на годината.

Според „Ројтерс“, Макрон навел дека неговата влада ќе се обиде да ја врати Франција во нормала „што е можно поскоро“.

Претходно оваа недела, француската влада го „преживеа“ гласањето за недоверба во парламентот поради многу непопуларната реформа на пензискиот систем, додека протестите продолжија низ целата земја.

Макрон изјави дека премиерката Елизабет Борн сè уште ја има неговата доверба.

„Таа ќе продолжи да ја води оваа влада“, рече Макрон.

Слични содржини