Мал авион удри во празна зграда во Милано, загинаа шест лица

од Nikola Popovski

Мал авион удрил денеска во празна, двокатна деловна зграда во предградието на Милано, а италијанските медиуми наведуваат дека загинале шест лица, колку што имало во авионот.

Пожарникарите кои биле на местото на несреќата изјавија дека пилотот и сите пет патници загинале, но нивната националност не е наведена, пренесе агенцијата Ла Прес.

Пожарникарите објавија на Твитер дека никој друг не е вклучен во несреќата што се случи во близина на метро станицата во Сан Донато Миланезе, мал град во близина на Милано.

Тие рекоа дека неколку автомобили биле запалени на блискиот паркинг, но возилата во тоа време биле празни.

Телевизијата Скај ТГ24 објави дека авионот летал од аеродромот Линате во Милано кон италијанскиот остров Сардинија.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот во зградата, која се реновираше.

Foto: Profimedia

Слични содржини