Мал процент од граѓаните успеваат да се извлечат од респиратор: Најмладиот пациент што починал имал 23 години

од Nikola Popovski

Под десет отсто од вкупниот број КОВИД-пациенти поставени на инвазивна вентилација успеале да се излечат. На хируршките клиники во моментов осум пациенти се на респиратор. Меѓу нив има и млади, а најмладиот е 40 годишен, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, во моментов на Хируршките клиники осум пациенти се поставени на респиратори.

„Најмладиот пациент кој сега е на респиратор има 40 години, а најмладиот пациент од сите кои беа поставени на механичка вентилација и за жал почина беше на 23 години“, кажа Филипче.

Од почетокот на Ковид-кризата досега на близу 800 болничкии кревети има новопоставен ценрален довод на кислород.

„Сосема е доволна оваа количина во овој момент“, рече Филипче по приемот на норвешката донација од 100 респиратори.

Слични содржини