Малата Мила ја победи болеста, по хемотерапијата заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Мила вчера заврши една голема битка и сите се радуваме заедно со неа.

Малата Мила заѕвоне на ѕвончето за оздравување и тоа значи дека ја победила болеста и заминува дома. По Румеса, Мила е второто детенце кое овој месец заминува здраво и живо дома.

„Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата.Денес клоцна една голема грижа, така и треба #ДетскаКлиника“, напишаа од здружението на граѓани САНО, кое ги поддржува децата и нивните семејства и работи кон подобрување на условите во здравството, образованието и социјалната грижа“, на напишаа на фејсбук страната организацијата Сано, здружение на родители и пријатели на децата лекувани од рак и нивните семејства.

Многу мила, една мала Мила ! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата. Денес клоцна една голема грижа, така и треба :) #DetskaKlinika

Публикувахте от SANO в Сряда, 8 април 2020 г.

Слични содржини