Малек: Психички ми беше тешко да играм улога во Бонд

од Vladimir Zorba

Актерот Рами Малек зборуваше за тоа како му било психички тешко да ја игра улогата на Сафин, главниот негативец во новиот филм за тајниот агент Бонд.

Според NME, ѕвездата на „Боемска рапсодија“ претходно изјави дека Сафин е „многу застрашувачки лик“.

Тој сега додаде дека било многу тешко да се претстави во таква улога.

„Кога помислувам на Сафин, гледам некој кој е педантен, но внимателен и има нешто во тоа што е многу вознемирувачко. Тој е некој што предизвикува човекот да почувствува дека го следат. Ве тера да се прашувате што мислите дека е правилно, а што не е во ред и дали е правилна вашата перцепција за доброто и злото“, рече Малек.

Слични содржини