Мали: Во судир на два воени хеликоптера загинаа 13 француски војници

од Aleksandar Petrovski

Тринаесет француски војници загинаа во судир меѓу два воени хелкиоптера во Мали, соопшти канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе ДПА.

До судирот меѓу хеликоптерите дошло вчера попладне, за време на операција против исламските екстремисти, наведе Елисејската палата, без да ја даде точната локација на несреќата.

ДПА дополнува дека околу 4.500 француски војници се стационирани во Мали, Нигер и Чад, како поддршка на нивните владини сили во борбата против џихадистите во регионот Сахел.

Слични содржини