Малик Обама: Барак се збогати и стана сноб, тој е суров кон своето семејство

од Vladimir Zorba

Барак Обама е ладен и суров кон своето семејство, тој сака луѓето да го обожаваат, напиша полубратот на поранешниот американски претседател Малик Обама во своите мемоари.

Малик Обама, постариот полубрат на Барак, неодамна ги објави мемоарите „Големиот зол брат од Кенија“, во кои зборува и за поранешниот претседател на САД, пишува Њујорк пост.

„Тој се збогати и стана сноб. Тој стана вид на човек што сака луѓето да го обожаваат. Јас не го сторив тоа, јас сум неговиот постар брат“, напиша Малик Обама во својата книга.

Вели дека неговите односи со Барак Обама се влошиле кога ја поддржал кандидатурата на Доналд Трамп за претседател во 2016 година, против Хилари Клинтон.

Двајцата прв пат се виделе во 1985 година, три години по смртта на нивниот татко, Хусеин Обама Сениор, кој беше висок функционер во кениската влада.

Малик, кој живеел во Кенија, а подоцна се пресели во САД, беше кум на неговиот брат Барак на свадбата во 1992 година, и тој вели дека односите со неговиот полубрат биле „топли“.

Барак го смени односот кон семејството кога стана претседател

„Ситуацијата се смени веднаш откако Барак беше избран за претседател во 2008 година, особено кога му реков дека планирам да основам фондација именувана по нашиот татко. Ние се расправавме по телефон заради тоа. Тој инсистираше да не го правам тоа и да ја затворам веб-страницата на фондацијата. Тој се закани дека ќе ме отфрли ако го сторам тоа“, пишува Обама постариот.

Тој додава дека Барак му рекол дека нивната тетка Хава Аума Хусеин, единствената блиска роднина на нивниот татко, нема да биде поканета на претседателската инаугурација.

„Кога Барак ја посети Кенија во 2015 година, на семејна вечера, јас апелирав да и помогне на својата тетка, која живееше во сиромаштија, во куќа која се распаѓаше и се оддржуваше себеси со продажба на јаглен. Таа сакаше Барак да и помогне, да и изгради куќа. Му реков дека и го должи тоа, но тој одговори дека е шворц“, пишува Малик Обама.

Сподели и дека неговиот полубрат, исто така, го разочарал кога донирал 5.000 долари за погребот на нивниот братучед Зејтуни Оњанго, кој живеел нелегално во Бостон.

„Моравме да ги платиме сметките и трошоците за трансфер за Кенија. Се сретнав со Барак во Овалната канцеларија за да разговараме за тоа и тој ме праша колку пари треба да даде. Јас му реков 20,000 американски долари. Тој одговори дека тоа е премногу“. пишува Малик Обама.

Додава дека семејството собрало пари еден месец со цел да ги плати сите трошоци за погребот на тетката.

„Таа беше многу добра за него. Јас не разбирам како некој што тврди дека е близок роднина може да се однесува вака, да биде ладен и суров кон семејството и да им сврти грб на нив така“, рече Малик Обама.

Тој исто така ги критикуваше мемоарите на Барак Обама и вели дека тој кажал лага кога напишал дека нивниот дедо не бил уапсен во 1949 година од британската колонијална армија.

Слични содржини