Малковски: Постојано сме под притисок од Бугарија со наметнувања

од Nikola Popovski

Во случајов се соочуваме со здружение кое треба да биде отворено на 7-ми октомври. Тука се совпаѓаме со друг датум – 11-ти октомври. Тој е огромен датум за македонската историја, темел. Тоа македонско востание е второ востание во текот на 20-тиот век. Ова востание што се кренало имало позитивна завршница и создадовме држава, вели историчарот и професор Ѓорѓи Малковски околу најавеното отворање на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Според него, премногу се грижиме околу тоа што сакаат Бугарите.

-Ние никогаш не слушнавме што Македонците сакаат. Постојано сме под притисок од тоа што ни го наметнуваат. Ние не поставивме услови или бариери, ниту поставивме норми. Македонија остана само да прифаќа. Ако одиме на овој начин, тие целокупно нѐ негираат, тие ништо не признаваат. Сега што ние разговараме на тој план? Не е проблемот што ќе се формира клубот, туку се даваат пари за бугарски национални интереси. Немаме рамноправен дијалог со Бугарите, рече професорот во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини