Малку сонце во текот на неделата

од Nikola Popovski

Денес се очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

Слични содржини